Сакале ние или не, колку и да сме носталгични по старата распределба на силите во светот и на еконосмките и на воените, тој свет се движи и се менува, како и се’ што се менува, како што вели Карл Маркс – светот се наоѓа во дијалектички материјализам и ништо не мирува и не е еднаш за секогаш дадено. Од една строга биполарност на светот, богати и напредни и сиромашни и заостанати  -  сега веќе се препознава мултиполарност, односно веќе не можат да се игнорираат други центри на економска моќ присутни на светската сецена. Се разбира дека на прво месето мислиме на Кина, во која во моментов се прозиведуват речиси сите светски брендови, дури има една чудна појава - има „брендови“ за поплитките џепови и брендови со истиот квалитет како и оригиналните.

Оваа земја стана голем проблем во очите на западните земји, со својата конкуретност на производите, па така од земја на мочуришта и оризови полиња, за 40тина години стана извозник на висока технологиај.

Секој земја, што им мисли добро на своите граѓани, уште веднаш треба(ше) да мисли како ќе се постави на економски план, а да ја зачува својата економска независност, да ја задржи вредноста на својата валута, да го задржи својот човечки ресурс, зашто од сите ресурси – најскап е човечкиот. Имено, со тој ресурс - евтината работан сила, која со молскавична брзина стекна вештини да ракува и да ја применува технологијата, го завлдеа светов со конкурентни цена на производите. Се развира дека тоа треба(ше) да го направи и нашата земја, но како што гледаме во Македонија економијата се сфаќа само нешто што се движи по инерција, се измислува само - како да се изигра народната доверба, да се задоволат популистиките ниски страсти и што повеќе и на разни мангупски начини да се празни државниот буџет, односно да не се работи ништо. Ниедна светска идеја не се роди во Македонија, напротив, нашите брендови или згаснаа или на своја сметка си ги припишаа наштие соседи кои не ги мрзеше да потрчаат малку и да ги убедат заводите за регистрација на трговсикте марки дека тој и тој производ е нивен. Се разбира дека не зборуваме за висока технологија, зашто таква, наша, автентична, немаме. Имаше неколку проблесоци, но изостана поддршката на фондовите за наука, кои во сите ребаланси беа првите што страдаа. Сепак, никогаш не е доцна, само треба да се има желба да се измисли што треба Македонија да му понуди на светот, зашто вештечкото држење на курсот на домашнаа валута не може да оди во недоглед, економијата е толку падната што ова прашање виси како дамоклов меч над нашите глави.  Податоците укажуваат на крајно загиржувачка економска (не)моќ на  земјава: само 10% Македонија сама ги  задволува потребите за месо, увезува пченица – зависи од цената на светските берзи, дури и нашите обилни змејоделски производи со кои беа преплавени тезгите станаа поскапи од јужното овошје!!!

Од друга страна, по последниве парламентарни избори не е воопшто затскриена немилосрдната трка за освојување на што поиздашна славина од државниот буџет, а веројатно никој нема вистинска и издржана идеја како да се зголеми економскиот раст. Клатно-системот е претворен во крволочен ревашизам, кој гласи: „за тоа што украдоа претходните, ние ќе им се реваншираме со уште поголема мајсторија“!

Како најблизок пример за прилагодување на новите светски движења можеме слободно да ја наведеме Србија со електричните  авотмобили. Прво со производството на таквите возила таа добива значка на земја која учествува во декарбонизацијата на палнетата, што не е мало признание.  Оваа наша соседна земја има потенцијал за успех во секоја карика на производството, од суровини до самите автомобили.

Србија веќе покажа дедка има капацитет за производство на електрични автомобили, со оглед на тоа што „Фиат” во Крагуевац произведува два такви модела, а може да биде  и привлечна дестинација за производителите на батерии, што покажува фабриката што ја гради словачки „Инобат” во Ќуприја.

Како што самите Срби велат – најголемото богатство на земјата се луѓето и во нив лежи и најголемиот потенцијал во  секторот е-мобилност. Талентираните и образовани српски кадри имаат потенцијал конкурентноста на Србија да ја  подигнат на повисоко ниво со иновации за кои имаат  капацитет, или да привлечат квалитетни луѓе од странство кои во Србија би истражувале, работеле и создавале нешто ново.

Србија не бега од експлоатацијата на своите рудници во кои можат да се најдат кобалт, бакар, алуминиум, литиум, никел итн. Предвидувањата велат дека глобалната побарувачка за литиум, суровина клучна за производство на батерии за електрични возила, до 2030.ќе биде поголема за 18 пати во однос на 2020. година, а до средината на веков тоа зголемување ќе изнесува вртоглави 90 пати.

Македонските власти рударството го сметаат за гранка што не треба да постои во нејзините граници, дури и доделените концесии им ги одзеде на некои концесионери под притисок на невладини ораганизации кои не сакаат на нивната територија да има рудник поради наводната опасност од загадување.

Друго прашање е дали тие концесии ги наплатила или не! Тоа е поразителен факт кој укажуива на тоа дека македонскиото минерално и рудно богатство е дадено на користење за бадијала. За четири години државата заработила само 1,7 милиони евра или 1 процент од продажбата на најквалитетниот мермер, додека концесионерите се збогатиле со останата сума од бизнисот, ова го констатира Државниот завод за ревизија.

За експлоатација на минерални суровини за периодот 2018 – 2022 година, наплатени се околу 45 милиони евра концесионен надоместоци од кои: околу 4,6 милиони евра за користење на просторот, нешто над 40 милиони евра за експлоатирана количина на минерална суровина.

Значи ДЗР соопштува дека во оваа дејност со години се работело незаконски, а штом е незаконски – е криминално, некој се богател на недозовлен и на нелојален начин.

Официјалните информации велат дека до 2022 година во земјава се доделени 348 концесии на 257 концесионери. За ископ на мермер државата доделила 29 концесии.

Ова е уште една потврда на тезата од почетокот на текстов дека со ваков начин на работа и со отсуство на идеја, на конзистентни економки мерки, на загревање на функционерското столче и на целата администрација, нема да има мредање од мртвата точка, па колку и фалбите за еконосмки раст, што го немаме, ќе бидат големи!