Во Европската унија во првата половина од годинава се активни вкупно 4.886 банки. Според најновите податоци на Европскиот континент приближно 1,8 милиони луѓе се вработени во кредитни институции, а некои банкарски службеници се грижат за повеќе од двесте клиенти.

Меѓутоа, пред 2000 година, бројот на банки во Европската унија беше значително поголем од денешниот. Во текот на 1990-тите, европскиот банкарски сектор се карактеризираше со поголема фрагментација, со многу повеќе помали и регионални банки кои работеле на пазарот. Се проценува дека во тоа време во Европската унија имало околу 8.500 банки.
Според информациите од Statista.com, со почетокот на 21 век, банкарската индустрија во Европа претрпе значителна консолидација. Ова е поттикнато од спојувања и превземања, регулаторни реформи, технолошки напредок и глобализација на пазарот. Како резултат на тоа, бројот на банки постепено се намалуваше, достигнувајќи ја денешната бројка од под 5.000 банки во 2024 година.
Сè уште е, како и пред 21 век, најголем број банки има во Германија, бидејќи кон средината на оваа година Германија имаше речиси илјада банки повеќе од која било друга европска земја и покрај повеќегодишниот надолен тренд.
Германија има 1330 банки, селектирани преку три главни типа на банки, кои вклучуваат комерцијални, штедни (или шпаркасен) и задружни -кооперативни банки. Во 2023 година, германската банкарска индустрија имаше вкупни средства во вредност од над 10,8 трилиони евра.
Која е водечката банка во Европа?
Минатата година HSBC (ХСБЦ) беше најголемата банка во Европа според пазарната капитализација. Оваа британска банка со седиште во Лондон, исто така, го предводеше европскиот банкарски сектор според имотот и основниот капитал од првиот ред (tier one capital).
Овој британски гигант го зазеде и првото место според приходите. HSBC, основана во 1865 година, е една од најголемите и најстарите банкарски институции во светот. Со седиште во Лондон, банката работи во повеќе од 60 земји и територии ширум светот, обезбедувајќи широк спектар на финансиски услуги, вклучувајќи комерцијално и инвестициско банкарство, приватно банкарство, осигурување и управување со средства. HSBC е позната по својата глобална мрежа и силно присуство на пазарите во Азија, Европа, Северна Америка и Блискиот Исток, што ја прави клучен играч во меѓународниот банкарски сектор. Исто така, HSBC е често во центарот на вниманието поради нејзината способност да го прилагоди своето работење на променливите услови на глобалните финансиски пазари.