– Во јануари 2025 година, паричната маса е намалена за 1,6 проценти на месечна основа, пред сè како резултат на падот на депозитните пари, при негативен придонес и на краткорочните депозити и на готовите пари во оптек.

 

На годишно ниво, паричната маса бележи зголемување за 9,1 отсто, поради растот на депозитните пари, долгорочните депозити до две години, готовите пари во оптек и краткорочните депозити.

Вкупните депозити во јануари бележат месечен пад од 1,3 отсто, во целост како резултат на намалените депозити на корпоративниот сектор, додека депозитите на секторот домаќинства се зголемуваат.

Споредено на годишно ниво, вкупните депозити остварија раст од 11,0 отсто, којшто во поголем дел се должи на зголемените депозити на секторот „домаќинства“, при позитивен придонес и на депозитите на корпоративниот сектор.

Раст на кредитирање на домаќинствата

Вкупните кредити, во јануари, се намалени за 0,1 отсто на месечна основа, како резултат на падот на кредитирањето на корпоративниот сектор, при раст на кредитите на „домаќинствата“.

На годишна основа е забележан раст од 11,3 проценти, којшто се должи на зголеменото кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес на корпоративниот сектор.

Пад на депозитните пари на месечно ниво

Во јануари, вкупните депозити на корпоративниот сектор бележат пад од 5,0 отсто на месечна основа.

Надолната промена произлегува од падот на депозитните пари, како и од падот на краткорочните и долгорочните депозити во странска валута, во услови на раст на долгорочните и на краткорочните депозити во денари.

На годишна основа, остварен е раст од 5,7 проценти, којшто се должи на растот на депозитите на сите компоненти, со поголем придонес на краткорочните и на долгорочните депозити во денари, при раст и на краткорочните и на долгорочните депозити во странска валута и на депозитните пари.

 

Кредитите во странска валута во нагорен тренд

Кај кредитите на корпоративниот сектор е забележано намалување од 0,4 проценти на месечно ниво, како резултат на падот на кредитите во денари, додека кредитите во странска валута бележат раст.

Кредитите на корпоративниот сектор се зголемени за 14,2 проценти на годишно ниво, во целост поради зголеменото кредитирање во денари.

Вкупните депозити на домаќинствата, во јануари бележат месечно зголемување за 0,2 проценти.

Притоа, промената се должи на растот на долгорочните и на краткорочните депозити во денари и во странска валута, во услови на пад на депозитните пари.

Годишниот раст изнесува 14,2 проценти и произлегува од повисоките депозитни пари и долгорочните депозити во денари и во странска валута, при пад на краткорочните депозити во странска валута и во денари.

Кредитите на домаќинствата бележат месечен и годишен раст за 0,2 и 8,8 отсто, соодветно, во поголем дел поради зголеменото кредитирање во денари, при раст и на кредитите во странска валута.

Во јануари, гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај потрошувачките кредити, како најзастапена категорија, е остварен месечен пад од 0,3 отсто, при годишен раст од 8,4 отсто, додека станбените кредити се зголемени за 0,5 отсто и 12,7 проценти на месечно и на годишно ниво, соодветно.

Во подем и автомобилските кредити

Овој месец, автомобилските кредити бележат месечен и годишен раст од 0,7 и 5,1 проценти, соодветно.

Во јануари, кај кредитите одобрени на кредитни картички е забележан пад од 1,1 и 9,0 отсто на месечно и на годишно ниво, соодветно.

Кај негативните салда на тековните сметки, овој месец е остварен месечен раст од 11,4 проценти, при годишен пад од 4,6 отсто, додека кредитите одобрени врз други основи се намалени за 1,2 отсто и 10,2 отсто на месечна и на годишна основа, соодветно, се наведува во соопштението од Народната банка.