Во Јапонија расте побарувачката за работоспособни постари лица. Минатата година во земјата на изгрејсонцето работеле 6,39 милиони работници на возраст над 65 години, додека дури 39 отсто од јапонските компании имале вработени кои влегле во осмата деценија од животот.

Според податоците на јапонското Министерство за здравство, труд и социјална политика, минатата година дури 39 отсто од јапонските компании вработувале работници постари од 70 години, пишува домашниот весник посветен на економските прашања Никкеи. Тој процент е на нагорна патека цели десет години.

Јапонската влада законски им даде можност на компаниите доколку сакаат да ја укинат старосната граница за пензионирање - опција која некои од нив ја избрале, за да има и такви кои вработуваат работници на возраст од над 80 години. Ова особено се однесува на продавниците и угостителските објекти.

Според податоците на Министерството за земјиште, инфраструктура, сообрајќај  и врски, во Јапонија во 2022 година работеле 6,39 милиони луѓе на возраст од 65 и повеќе години, што претставува 10,6 отсто од вкупната работна сила на островската држава. За споредба, тој сооднос во САД е седум, а во Германија само четири проценти.

Причини за вработување постари лица

Главната причина за високиот процент на вработување на постари лица во Јапонија е стареењето на населението поради неколкудецениската ниска стапка на наталитет и намалувањето на работоспособното население (возрасната популација традиционално се смета за работоспособна: од 15 до 64). Имено, во земјата на изгрејсонцето, близу 30 отсто од населението има над 65 години – демографска мерка што јапонската популација ја прави најстара во светот.

Практично треба да се каже и дека Јапонците со децении уживаат во долг просечен животен век и според овој стандард традиционално заземаат едно од првите три места во светот. Сегашниот просечен животен век на мажите во таа Далечна Источна империја е 81 година, а на жените 87.

Најчеста опција која ја избираат најголемиот број компании во Јапонија е пензионирањето на работниците на возраст од 65 години, но владата и медиумите во таа островска земја, имајќи го предвид постојаното подобрување на здравствената состојба на старите лица и фактот дека животен век се зголемува, (се повеќе се зборува дека староста на човекот наскоро ќе биде 100 години) очекувано е да се зголеми старосната граница за пензионирање од сегашните 65 години. Доколку не се помести, жителите ќе поминат повеќе (непродуктивни) децении во пензија, што е голема предизвик за пензискиот и здравствениот систем на државата.

Вработување на здрави пензионери

Јапонската влада, освен што ги охрабрува компаниите да ја подигнат старосната граница за пензионирање или повторно да вработат здрави пензионери, исто така се обидува да го реши проблемот со намалувањето и недостигот на работна сила преку зголемување на автоматизацијата и роботизацијата на производството и услугите, поголемото вклучување на жените на пазарот на трудот и послободниот увоз на странска работна сила.

Меѓутоа, во последните неколку години, според јапонските експерти, плафонот е достигнат кога станува збор за ангажирање домашна женска работна сила, додека големиот пад на јенот во однос на доларот и еврото го отежнува вработувањето на странци, кои  по правило сакаат да прават бизнис во Јапонија и да испраќаат пари на семејствата во нивните земји, но платите во земјата на сонцето се повеќе ги доживуваат како непривлечни, пренесуваат медиумите.

Оттука и растечката потреба да се користат постарите лица како работници, што го објаснува фактот дека минатата година бројот на јапонски компании кои вработуваат луѓе во осмата деценија од животот достигна рекордно ниво од 39 проценти.