Водафон и Телеком Србија потпишаа договор за партнерство што ги опфаќа Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Телеком Србија со ова стратешко партнерство со водечка телекомуникациска компанија во Европа и Африка, ќе има можност да го примени целото знаење и искуство што експертите на Водафон ги стекнале и надградувале низ годините на глобалниот пазар. Овој деловен однос ќе му овозможи на Телеком Србија да ја користи водечката позиција на Водафон во областа на дигитализација на производи за широка потрошувачка и понуди на услуги.

Водафон и Телеком Србија потпишаа договор за партнерство

Во партнерство со Vodafone Procurement Company, Телеком Србија ќе има пристап до капацитет за различни набавки. Тоа значи дека ова партнерство овозможува и увид во категориите на различни производи и стратешки насоки, консултантски услуги, односно консултации во текот на целосниот процес на набавка (од крај до крај), со што се постигнува оптимизација на трошоците и создавање вредност.

Пристап до сите важни ресурси во областа на дигиталната трансформација


Извршниот директор на Vodafone за партнерски пазари, Диего Масида, не го крие задоволството од договорот: „ Со воодушевување го поздравуваме пристапувањето на Телеком Србија во нашето семејство на партнерски пазари и се радуваме на заедничката работа за да го пренесеме нашето знаење и искуство на потребите на нивните клиенти во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина“.

Генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ изјави: „Телеком Србија е регионална компанија со долга традиција на успешен бизнис. Во изминатите две години бевме фокусирани на трансформација на компанијата, за да можеме рамноправно да се справуваме со најразвиените компании во светот. Убедени сме дека соработката со Водафон, како еден од светските лидери во оваа област, ќе ни овозможи пристап до сите важни ресурси во областа на дигиталната трансформација и ќе ни овозможи да ја зголемиме ефикасноста на нашиот бизнис, да ги оптимизираме трошоците и да го подобриме корисничкото искуство.

Водафон е најголемиот оператор за мобилна и фиксна телефонија во Европа и водечки глобален снабдувач на IoT услуги.

Телеком Србија пак во 2020 година е на врвот на листата на 20 најголеми телекоми на Балканот, според хрватскиот портал Медиа дејли, специјализиран за медиумска и телекомуникациска индустрија.

На традиционалната ТОП листа на 20 телекоми за 2020 година во однос на приходите, профитот и бројот на вработени, Телеком Србија со риходи од 820 милиони евра годишно се искачи на врвот.


И Македонија дел од Телеком Србија


Телеком Србија од крајот на јули оваа година официјално отвори подружница на пазарот во Македонија.

Српскиот оператор во нашата држава ќе нуди мобилни услуги до крајот на 2021 година. Подружницата во Македонија го носи името Мтел и планираше старт со сателитски ТВ услуги .

Мобилната телефонија и услугите за оптички Интернет се очекува да бидат воведени до крајот на годинава. Инаку мнозински сопственик на компанијата е Република Србија со 58,11 проценти сопственички удел. Покрај државата, сопственици се и Телеком Србија а.д. Белград со 20 проценти од акциите, граѓаните на Република Србија со 14,95 проценти и вработените и поранешни вработени во Телеком Србија а.д. Белград со 6,94 проценти.