„Водовод“: преплатената сума за потрошена вода може да се коригира

„Водовод“: преплатената сума за потрошена вода може да се коригира. Граѓаните, особено во периодот на ковид-пандемијата, се соочија со паушална наплата на количеството потрошена вода. Многу домаќинства се јавија со реакција дека нивниот водомер воопшто не е „читан“ со месеци и сметаат дека имаат платено многу повеќе од потрошеното количество, но не знаат како да го остварат своето право на порамнување на сметката. Од таа причина, на овие прашања, одговор побаравме од Зоран Недевски, раководител на Секторот за наплата во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.


  • Голем бој граѓани се жалат на нереални сметки, на нечитање на водомерите, односно дека Водовод наплатува паушално. Колку се во паво?


-Според Законот, „читањето“ на водомерите се врши секој втор месец. Во периодот кога не се врши отчитување на водомерите, фактурирањето се врши според претходно утврдена просечна потрошувачка на вода. Фактурите за потрошената вода се генерираат според просечна потрошувачка поради следниве причини:

  • Непристапен водомер (непристапна шахта, заклучен објект и слично),

  • Неисправен водомер.


Ние, како компанија, постоиме за корисниците на нашите услуги. Затоа, на секое барање од страна на корисникот за евентуална корекција на фактурата, нашите надлежни вработени вршат контрола и корекција на фактурите по извршената контрола.

Корисниците на нашите услуги во секој момент можат да се обратат во нашето претпријатие со барање да биде констатирана состојбата и ќе се изврши корекција на фактурите за потрошена вода (02 3073 010, или kontakt@vodovod-skopje.com.mk )


  • Дали само корона-кризата е причина што не се читале редовно водомерите, или се работи за недостиг на инкасатори?


-Поради новонастанатата состојба, предизвикана од короната, нашите вработени кај голем дел од корисниците не беа во можност да извршат отчитување на водомерите. Станува збор за колективните станбени објекти, во кои водомерите се сместени во самите станови. Токму поради настанатата состојба поради ковид пандемијата, од страна на некои сопственици на становите не им беше овозможен влез на нашите инкасатори. Поради сето тоа, ние, како компанија, извршивме надградба на електронските услуги и корисниците можеа секој месец да ја достават состојбата на водомерот во електронска форма. Ние не ја заборавивме и онаа категорија постари граѓани кои тешко се снаоѓаат со новата технологија. За таа цел нашите инкасатори секој месец доставуваат известувања со кои се повикуваат корисниците да ја запишат состојбата на водомерот и да ја остават на влезната врата (станува збор за корисниците кои не дозволуваат влез во нивниот стан). Наведените дејства се преземаат со цел корисниците да добијат реални фактури за потрошената вода за пиење. Немаме недостиг на инкасатори.

  • Во каква состојба е водоводната мрежа во Скопје?


-Водоводната мрежа во град Скопје е добра, гледајќи од аспект на секојдневно и редовно снабдување со вода на сите наши коисници од било кој дел на градот. На редовно снабдување се мисли кога со вода за пиење секојдневно е обезбеден целиот град. Во текот на денот има помали или поголеми прекини на вода кои се најавени, а опфаќаат мал дел од водовоната мрежа, уличка, неколку згради или ако станува  збор за дефект на поголем профил или систематска замена на затварачи и цела наслеба. Тоа е се во рамките на тековното и планираното оддржување на водоводната мрежа.

  • Има населби што се жалат на слабиот притисок на водата, што знчи дека не добиваат квалитетна услуга за тоа што го плаќаат. Дали има можност тој проблем да се надмине? Последниов период беше особено сушен, драстично е намалена водата во вештачките езера, дали постои опасност од криза во водоснабдувањето со вода за пиење?


-Во согласност со климатските промени во последните години и високите температури, особено во летниот период кога тие надминуваа 40 степени целзиусови, се случуваше одредени делови од град Скопје да имаат намален притисок. Тоа се должи и на нерационалната потрошувачка на водата за наводнување, полнење базени, полевање бавчи и дворови, како и на диви приклучоци. ЈП Водовод и канализација – Скопје, имајќи ги предвид сите овие фактори кои влијаат на водоснабдувањето, во текот на изминатите години почна да спроведува истражувања за алтернативни извори на водоснадување или извори на вода која може да се употреува како техничка, со цел балансирање на водоснадувањето, но и заштита и одржливост на изворот на водоснабдување. Исто така, во континуитет се работи и на кампањи за подигнување на јавната свест во однос на заштита и рационална употреба на водата за пиење.

„Водовод“: преплатената сума за потрошена вода може да се коригира


  • Цената на водата, дали е реална и дали е исплатнлива за работата на Скопскиот водовод?


-Во овој момент цената на водата за пиење (30,21 ден м3) е реална и го достигнува нивото на одржливо функционирање на претпријатието.

  • Во кои реони најмногу има диви приклучоци и каде е најтежок пристапот на контролорите со цел откривање на тие приклучоци?


-Нелегалните приклучоци најчести се во руралните средини. Нашите екипи постојано се на терен и вршат откривање, исклучување и натамошно процесуирање на предметите. Воедно, потсетуваме дека дивите приклучоци се забранети со Закон (Закон за вода за пиење и одведување урбани отпадни води, член 23) и се утврдуваат од страна на овластен комунален инспектор на општината и на Градот (Закон за вода за пиење и одведување урбани отпадни води, член 37), врз основа на што за сите утврдени диви приклучоци ќе биде покрената прекршочна постапка за сторено кривично дело. Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје. ЈП Водовод и канализација - Скопје ги повикува граѓаните на одговорно однесување и регуларно поднесување барања за водоводен приклучок, ако имаат потреба. Апелираме до граѓаните на град Скопје, ако забележат див приклучок, да го пријават на 023073 010, kontakt@vodovod-skopje.com.mk, www.vodovod-skopje.com.mk или преку мобилната апликација достапна за Android и iOS.

  • Дали е цело Скопје покриено со водоводна мрежа, ако не – кои региони не се?


- Да, целиот град е приклучен на водоводната мрежа.

  • Особено е познат проблемот со водоснабдувањето во Шуто Оризари, каква е состојбата сега во споредба со минатитие години?


- ЈП Водовод и канализација Скопје во 2017 го пушти во употреба новоизградениот водоснадбителен систем во Шуто Оризари во кој се вклучени нов резервоар, пумпна станица и цевковод со што се реши проблемот со водоснадување во овој дел.

Бране Стефановски