Раководителите на водечкиот бренд на Audi и VW изјавија за Financial Times дека партнерството со кинеските производители на електрични возила, кои сакаат да го прошират своето влијание во Европа, е една од опциите за справување со падот на продажбата во регионот.
„Тоа е сигурно замисливо“, вели Гернот Долнер, извршен директор на Audi. Таквиот потег „ќе ја намали бариерата за влез на овие конкуренти“, додавајќи: „Верувам во слободна трговија“.

Audi се здружи со производителот на MG SAIC за производство на електрични возила во Кина, со цел да ги привлече локалните потрошувачи - вид на соработка, за која Долнер вели дека кинеските брендови ќе се обидат повторно да ја воспостават во Европа.
Во одвоено интервју, Дејвид Пауелс, главниот финансиски директор на VW, исто така, не ја отфрли идејата кинеските производители на автомобили да ги преземат производствените линии во германските фабрики на компанијата.
„Отворени сме за секаква дискусија на која било тема со кој било партнер“, рече тој. „Во динамичен свет, мора да ги држите сите опции отворени.“
Коментарите доаѓаат додека европските производители на автомобили се тркаат за транзиција кон електрични возила, сегмент каде кинеските марки како BYD произведуваат возила кои се сметаат за технолошки понапредни, поддржани со субвенции од Пекинг и пониски основни трошоци.
Со децении, Кина беше најпрофитабилниот пазар на VW, но во изминатите пет години пазарниот удел на нејзиниот водечки бренд речиси се преполови поради слабите позиции на брзорастечкиот пазар на возила на батерии.
Најголемиот европски производител на автомобили, исто така, беше тешко погоден од падот на автомобилскиот пазар во неговиот роден регион, каде минатата година беа продадени два милиони автомобили помалку во споредба со пет години порано, пишува seebiz.
Но за разлика од кинеските производители Volkswagen иако пред повеќе од четири години ги претстави своите целосно електрични ID.3 и ID.4 кои се сметаа за директна конкуренција на Тесла, сепак работите не се одвиваа според планот. Така германската марка, како и лани и годинава нема да лансира ниту едно ново возило.
Меѓутоа и покрај тешката ситуација, клучен дел од напорите на VW за пробивање на кинескиот пазар на ЕВ е неговото ново партнерство со Xpeng. Двете компании работат на заедничка електрична и електронска (E&E) архитектура која ќе ги поткрепи сите електрични возила произведени од VW во Кина. Првите модели од партнерството треба да бидат лансирани во 2026 година и ќе вклучуваат два VW од средна класа, од кои едниот ќе биде SUV. Групацијата VW се надева дека ќе ја зголеми годишната кинеска продажба од 2,93 милиони минатата година на четири милиони до 2030 година.