Уште една книга во чест на големиот српски и југословенски актер – Зоран Радмиловиќ, чека на своја промоција.

Книга по повод 35 години од прерано заминување на Радмиловиќ го публикуваше Народно позориште на Тимочка Крајина – „Центар за култура Зоран Радмиловиќ“.


- Книгата е уште еден споменик на човек кој остави неизбришлива трага во културата на својот народ и кој сè уште живее. Тука се приказни поврзани на претставите од седумдесеттите и осумдесеттите години на дваесеттиот век, кога поминував многу време со Зоран на сцена, на проби, на гостувања, во гардероби, во кафеани... Има и околу 200 фотографии, документи, исечоци од весници и така натаму... - вели авторот Милан Цаци Михаиловиќ, и дополнува...


- Дванаесет години играв со Радмиловиќ во разни претстави: „Крал Иби“, „Радован Трети“..., а играв и во неговата единствена режија, според делото „Сомнителното лице“ на Нушиќ. Зоран направи претстава наречена „(НЕ) Сомнително лице“...


Промоцијата на книгата е закажана за 7ми јули во Горњи Милановац.