Волво ќе произведува електрични автомобили за вегани, без кожа и од рециклирани материјали.

Шведскиот производител на автомобили Volvo Cars објави дека до 2030 година, неговата палета возила ќе бидат исклучиво електрични и без животински материјали, првенствено кожа. Електричните автомобили ќе бидат изработени од биоразградливи и рециклирани материјали за да ги задоволат потребите на се поголем број купувачи кои сакаат производи од обновливи извори.

Volvo C40 Recharge -Волво ќе произведува електрични автомобили за вегани

Како што информираат од компанијата „Волво“, промените што ги најавуваат се одговор на грижите на клиентите и движењето за заштита на животните, но и влијанието што интензивното сточарство го има врз животната средина.

Ваквите движења исто така, се совпаѓаат со аспирациите на Волво да понуди палета исклучиво со електрични автомобили до 2030 година.

Моделот „C40 Recharge“ е првиот нов целосно електричен модел чиј ентериер нема да користи кожа.

Покрај тоа, како што додаваат од компанијата, тие активно работат на изнаоѓање квалитетни и одржливи извори за многу материјали што се користат во автомобилската индустрија.

До 2025 година, тие имаат намера 25 проценти од материјалите во нивните автомобили да бидат изработени од рециклирани и биоразградливи материјали.

Како дел од нивните акциони планови за климата, тие исто така имаат за цел  да соработуваат со непосредни добавувачи кои користат енергија од целосно обновливи извори.

Целосно електричниот модел „C40 Recharge“ е веќе без кожа, а компанијата експериментира со нови материјали, како што е нордико - изработени од остатоци од дрво, рециклирани тапи и пластични шишиња - кои, според Робин Пејџ, главниот дизајнер на „Волво“, имаат иста „мекост и топлина "како кожа.

https://www.youtube.com/watch?v=XNNpgiSXPYg

„За некој што ја сака кожата, но е свесен за негативните ефекти врз животната средина, ова е добар, модерен начин да се зачуваат неговите својства, но тоа е вистинскиот материјал за во иднина“, нагласува Пејџ.

Производителот на автомобили, исто така, има за цел да користи рециклиран полиестер за да го намали јаглеродниот отпад, како и ленена ткаенина што се одгледуваат во Шведска помеѓу посевите, со што се обновува земјата.

Volvo исто така ќе користи ленени влакна за обложување на внатрешноста на вратата.

„Потрошувачите не се фокусирани само на одржливоста на крајниот производ, туку и на материјалот што влегува во него, вклучувајќи ги и сите други добавувачи“, нагласува Стјуарт Темплар, директор за глобална одржливост.