Volvo Cars се прости со автомобилите со дизел мотори откако спортското теренско возило XЦ90 (SUV) излезе од производната лента во фабриката во Торсланда во Шведска минатата недела во вторникот вечерта како последен дизел модел на шведскиот производител.

Ова го означува крајот на ерата на дизелот за Volvo, кој планира да произведува само електрични возила до 2030 година.
„Сосема сме уверени дека имаме многу добри понуди за клиентите дури и без дизелот“, рече Ерик Северинсон, извршен директор за нови автомобили и оперативна стратегија на Volvo Car, пренесува Блумберг.
Во 2017 година, Volvo Cars стана првиот голем производител на автомобили кој се обврза на постепено укинување на возилата кои се напојуваат исклучиво од фосилни горива и оттогаш воведе неколку хибридни и целосно електрични модели.
Во Европа, како главен пазар на марката, дизел автомобилите го достигнаа врвот пред девет години, со околу половина од новите продажби. Тие паднаа на 14 отсто од регистрациите минатата година.
Волво ќе го прикаже најновиот XЦ90 на отворањето на Музејот на Волво следниот месец во Гетеборг, објави Блумберг.
Последниот дизел Volvo што излезе од производната лента е синиот XЦ90 со дволитарски турбодизел, пишуваат веб-страниците кои се занимаваат со автомобили, со потсетување дека Volvo произведува дизели веќе 45 години, пренесува Танјуг.