Xiaomi ги претстави своите паметни очила само неколку дена по презентацијата на паметните очила Ray-Ban Stories на Фејсбук, создадени во соработка со познатиот производител на очила за сонце. 

Паметните очила Xiaomi не само што фотографираат, туку прикажуваат и пораки и известувања, остваруваат повици, обезбедуваат навигација и преведуваат текст во реално време. Компанијата ја нагласи малата тежина на уредот, и покрај богатите карактеристики и способности.

Карактеристтики

Очилата имаат индикаторска сијаличка што покажува кога се користи камерата од пет мегапиксели. Паметните очила на Xiaomi работат со четири-јадрен ARM процесор кој користи оперативен систем на Android. Тие користат и технологија за снимање MicroLED, за која производителот тврди дека има подобро осветлување и подолг период на користење од OLED технологијата. 

Сепак, фотографиите направени со помош на овие очила, на дисплејот нема да биде видлив во целосна боја. Од Xiaomi информираат дека одлучиле да користат монохроматски дисплеј за да овозможат да помине доволно светлина низ комплицираните оптички структури. 

Очилата имаат многу независни способности, како што се избор на индивидуални известувања или пораки од индивидуални корисници што сакате да ви бидат прикажани, вклучувајќи паметни аларми за дома и важни пораки за контакт. 

Системот за навигација на уредот има способност да прикаже мапи и насоки пред очите на корисникот. Исто така, може да го прикаже бројот на оние што моментално го повикуваат телефонот на корисникот, а повикот може да се прими со помош на вградените микрофони и звучници за паметни очила. 

Исто така, микрофонот е способен да „собере“ говор што Xiaomi може да го преведе во реално време. Функцијата за преведување, преку камерата, „работи“ и на пишан текст, како и на текст снимен на фотографии. 

Се тоа доаѓа во „пакет“ тежок само 51 грама, што ги прави паметните очила на Xiaomi малку потешки од моделот на Фејсбук Ray-Ban Stories. 

Компанијата се уште не ја објавила цената и датумот на лансирање на паметните очилата.