
Веќе традиционално, на 1-ви јуни е отворен уште еден конкурс за Наградата Милан Младеновиќ, кој ќе трае цел месец, заклучно до 30-ти јуни.
И овој пат конкурсот има регионална опфатеност – право за учество имаат автори од земји настанати по распадот на Југославија, со песните и текст на некој од јазиците кои се зборуваат на овој простор, вклучувајќи ги и јазиците на малцинствата.
Заедно со конкурсот се објавени и вузуелните решенија, вклучувајќи го и она на македонски јазик.
Иако, традиционално, од Македонија има малку пријавени за ова престижно признание, навистина би било убаво песната која годинава би била избрана да биде на македонски.
Еден автор или група автори можат да пријават само една песна на конкурсот за Наградата.
Песните кои се натпреваруваат за наградата треба да бидат објавени во периодот од 1 јули 2020 година. и 30.06.2021 година.
Апликациите може да ги достават автори, изведувачи или издавачи преку образецот достапен на веб-страницата на Задужбината Милан Младеновиќ.
Конкурсот се заклучува на полноќ, на 30-ти јуни 2021-ва.

Веќе пишувавме – македонскиот музичар Кирил Џајковски, некогашен водач на електро-поп составот „Бастион“, кој подоцна во 90-те изгради реномирана кариера на музичар кој подеднакво успешно се занимава со создавање електронска и филмска музика, е член на годинашново жири за престижната музичка „Награда Милан Младеновиќ“, која веќе трета година традиционално ја доделува Задужбина на Милан Младеновиќ.
Освен Кирил, во жирито се уште и: Дамир Урбан од Хрватска, фронтмен на составот Urban & 4, Иван Феце Фирчи (Србија), музичар, некогашен тапанар на „Екатарина Велика“, Катарина Епштајн, музички уредник во РТС и автор на радио-емисија, како и Зоран Стајчиќ (Хрватска), главен уредник на респектираниот портал „Равно до дна“.
„Наградата Милан Младеновиќ“ е основана со цел да се поттикне музичката креативност која се карактеризира со вредностите својствени на уметничкото наследство на Милан Младеновиќ.
Оваа година, таа ќе биде доделена по трети пат на церемонијата на 21 септември, на денот на раѓањето на Милан.
Добитник на првата награда, која беше доделена во 2019 година, беше групата „Артан Лили“ со песната „D.E.P.R.A“, а втор лауреат беше групата „Драм“ во 2020-та, со песната „Дај ми сè“.
фото: Зоран Росиќ
Design by Futro Design Studio
(фотографиите се преземени од сајтот на Задужбина Милан Младеновиќ)