Заем од сто милиони евра обезбеди ЕБОР за АД ЕСМ, за поддршка во финансирањето на трошоците за унапредување на производниот процес, инвестиции во нови обновливи извори на енергија и одржување на веќе изградените централи од обновливи извори. Компанијата ќе ги користи парите и ќе ги сервисира сите обврски, а државата дава гаранција. Договорот беше потпишан во Министерството за финансии од страна на директорката на ЕБОР за Југоисточна Европа, Шарлот Руе и директорот на ЕСМ, Васко Стефанов.

Условите за користењето на заемот се – рок на отплата од пет години, грејс период од шест месеци, варијабилна каматна стапка на шестмесечен ЕУРИБОР со маргина од еден процент.

Македонија е значително зависна од увоз на енергија и имаше проблеми заради цените на енергија кои неконтролирано растеа, како и од нивото на инфлација кое беше без преседан. Како последица на овие текови, ЕСМ се соочува со голем јаз во ликвидноста на работењето на компанијата. Кредитот на ЕБОР ќе помогне во справување со потребите на ликвидноста на ЕСМ, намалување на отпорноста кон дополнителната поддршка на Владата, и овозможува компанијата да има финансиски обрт за поддршка на инвестицискиот план на капиталот.  

Како што истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими, Владата има сериозен пристап во справувањето со енергетската криза. Притоа, нагласи дека годинава за поддршка на граѓаните и на стопанството се предвидени 225 милиони евра, кон кои се додаваат и стоте милиони евра од ЕБОР.

Проектот доаѓа во критично време за македонската енергетска транзиција. Македонија е посветена на намалување на нето зелените стакленички гасови за 82 отсто до 2030 година, првенствено преку исклучување на енергетските капацитети кои работата на јаглен и активностите поврзани со јаглен. ЕСМ, која обезбедува приближно 90 отсто од генерирањето на електрична енергија во земјата, е клучен фактор во оваа транзиција. Како дел од инвестицијата, ЕСМ ќе имплементира обемна стратегија на декарбонизација, согласно Планот за македонската национална енергија и клима, осврнувајќи се на посветеност кон декарбонизацијата

Според директорот на ЕСМ, Васко Стефанов, АД ЕСМ продолжува да се движи кон „зеленото сценарио“.

„Планирани се повеќе проекти кои сериозно ќе влијаат земјава да биде енергетски независна. Поддршката и соработката со институции како ЕБОР се од клучно значење и ќе придонесат за побрза и полесна транзиција кон ‘зелената’ агенда, со заложба за транзиција кон чиста енергија која има цел намалување на стакленичките гасови за 61 процент“, наведе Стефанов.

Практично ЕСМ ќе работи на извештаи поврзани со климатските промени, инвестиции во капацитети на нова обновлива енергија и поддршка на развој и поврзување на мрежата од 1.500 мега вати капацитет од приватна обновлива енергија до 2030 година. За да се овозможат наведените и идните активности во обновлива енергија, ЕСМ и македонската влада се зафатија со имплементирање на широк спектар реформи на пазарот на енергија, како што се посилна регулаторна рамка, преку ревидиран закон за енергија, спојување на пазарот и реформа на тарифната методологија.

ЕСМ е компанија за енергија во целосна сопственост на Владата на Република Северна Македонија, со 4.600 вработени. Компанијата снабдува најголем дел од домашното производство со електрична енергија, со инсталиран капацитет од 1,5 гига вати. ЕСМ управува со две термални електрични централи, осум хидро централи, два комбинирани капацитети за греење и енергија и првата плантажа со ветерници во земјата.

Освен Договорот за заем, потпишан е и Договор за гаранција меѓу Република Северна Македонија и ЕБОР.

До денес, ЕБОР има инвестирано во Северна Македонија над ЕУР 2,5 милијарди, во 175 проекти.