Зголемена финансиската поддршка за инвестиции од повратниците од странство. За сите наши иселеници кои би се вратиле и би инвестирале во нашата држава се зголемува износот на финансиска поддршка на 15 проценти. Оваа мерка е една од изменитЗголемена финансиската поддршка за инвестиции од повратниците од странствое и дополнувањето на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, предложени од Министерството за економија.
Зголемена финансиската поддршка за инвестиции од повратниците од странство
Имено со овие измени се олеснуваат условите за ивестирање од дијаспората.
– За сите наши иселеници кои би се вратиле и би инвестирале во нашата држава се зголемува износот на финансиска поддршка за 15 проценти од оправданите инвестициски трошоци, но не повеќе од 1.000.000 евра, стои во презентацијата за измените во Законот.
Со најновите измени за финансиска поддршка,компаниите од и во индустриските зони кои работат со домашни добавувачи ќе добиваат десет пати поголема финансиска поддршка од државата, соопшти вчера министерот за економија.
Во презентацијата за усвоените измени и дополнувања на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, од министерството образложуваат:
-Поддршката за инвеститорите во зоните ќе се зголеми од еден на 10 проценти за сите инвеститори кои за своите производи или репроматеријали над 7,5 отсто ќе ги добиваат од домашни претпријатија или од македонски компании надвор од зоните.
Законски измени за забрзано поттикнување на економскиот раст и развој
Поддршката, согласно законските измени, ќе го стимулира и рамномерниот регионален развој.
-Прв пат се воспоставува за секоја инвестиција надвор од Скопје да има дополнителна поддршка. Доколку коефициентот на скопскиот регион е седум отсто, а на североисточниот 14 отсто, а некоја компанија исполнува услови да добие 20 проценти финансиска поддршка, дополнително ќе и бидат дадени уште седум проценти во однос на разликата од најразвиениот скопски регион.
Министерот за економија ги повика сите постојни и нови инвеститорти до 16 август да ги достават апликациите – оние кои се надвор од зоните да пондесат апликации во Агенцијата за странски инвестиции, а оние во зоните да аплицираат во Дирекцијата за ТИРЗ.
-Целта на овие законски измени е забрзано поттикнување на економскиот раст и развој преку поддршка на инвестициите за зголемување на конкурентноста на економијата и на вработувањата. Со овие измени и допонувања се прошируваат видовите на финансиска поддршка за технолошки развој и истражување, за инвестициски проекти од значаен економски интерес, воспоставување и унапредување соработка со добавувачи, поддршка за преземање претпријатија во потешкотии и конкурентност на пазарот, истакнува Министерот. Тој потенцира дека корисникот на финансиската поддршка има обврска да ја одржува инвестицијата за период од најмалку пет години по завршување на финансиската помош.