Кинескиот производител на автомобили Zeekr објави дека неговите нови „златни батерии“ за електрични возила се полнат побрзо од кој било друг производител, вклучувајќи го и лидерот во индустријата Tesla.
Zeekr ја лансираше својата верзија на моделот 007 за 2025 година на прес-конференција одржана вечерта на 13 август. Компанијата вели дека нејзините надградени батерии можат да се полнат од 10 до 80 отсто од капацитетот за 10 и пол минути со помош на станица за ултра брзо полнење.
Новата батерија е со капацитет од 75 kWh и се полни од 10 до 80% за само 10.5 минути, а со полнење кое би траело меѓу 10 и 15 минути се добива досег од над 500 километри. На видео кое го објави Zeekr се забележува максимална моќност на полнење од безмалку неверојатни 472 kW, додека новите V3 брзи полначи на Zeekr овозможуваат полнење со максимална моќност до 800 kW!
За споредба, во моделот три на „Тесла“ на Маск, три полнења од по 15 минути овозможува да се помине 282 километри, нешто помалку од половина од целосниот опсег на новиот автомобил.
Автомобилот на Zeekr, 2025 007 што ќе биде достапен од следната недела, ќе биде првото возило со новата батерија.
„Технологијата за полнење на Tesla веќе не е водечка во индустријата и не е веќе некое време“, изјави за Би-Би-Си, Ту Ле, основач и управен директор на консултантската компанија Sino Auto Insights.
„Овие смели тврдења од „Zeekr“ се уверливи, но уште поважно, дури и ако тоа не е батеријата со најбрзо полнење, тоа што е една од најбрзите и понатаму е голем скок за нив“.
На прес-конференцијата на која е промовирана батеријата беше речено дека 66 отсто од купувачите на 007 избираат верзии опремени со златна батерија.
Батеријата работи добро дури и при ладно време, полни од 10 до 80 отсто од нејзиниот капацитет за помалку од половина час на температури до минус 10 степени Целзиусови, велат од компанијата.
„Zeekr 007“опремен со златна батерија „Golden Brick Battery“ ќе биде најбрзото масовно произведено електрично возило во светот. Кога беше лансирана првата генерација на овие батерии, Zeekr го објави екстремното безбедносно тестирање што го поминала батеријата. Се смета дека таквите безбедносни подвизи како што се фрлање во оган на температура од 1.000°C, а потоа враќање во автомобилот биле применети и за втората генерација.
Zeekr е во сопственост на кинескиот автомобилски гигант Geely, кој исто така е сопственик на британската марка за луксузни спортски автомобили Lotus и шведскиот Volvo.
Во мај на Њујоршката берза се појавија акциите на компанијата „Зикр“, што беше прво големо деби на кинеска компанија на американскиот пазар од 2021 година.
Акциите моментално се тргуваат 27 отсто под нивната цена утврдена во Иницијалната јавна понуда (IPO).
Zeekr веќе има продадено 300.000 електрични автомобили.
Извештајот на берзата дојде само неколку дена пред администрацијата на Бајден да објави големи зголемувања на царините тарифи за електричните автомобили од кинеско производство, соларни панели, челик и други стоки.
Мерките на Белата куќа кои вклучуваат 100 процентен граничен данок на електричните возила од Кина, се одговор на нефер политики и имаат за цел да ги заштитат работните места во САД.
Официјални лица во САД, Европската унија и другите големи пазари на автомобили се повеќе се загрижени за брзото ширење на кинеските компании за електрични автомобили во странство.