Веднаш по осамостојувањето на Македонија, почна да се тркала новата голема идеја дека за економскиот напредок на земјава е неопходно да навалат што поголем број странски инвестиции. Дури фразата „странски директни инвестиции (СДИ) не им излегуваше од уста на сите новопечени премиери, министри и другите ситни шрафчиња во апаратот, па со честата употреба на таа фраза го пополнуваа делот во својот говор во кој немаа и не знаеја што да кажат, дури мантрата „СДИ“ доби некаква отменост, па ако некој ја изоставеше се сметаше дека не е во трендот.

Добро, можеме да се сложиме со принципот дека странските директни инвестиции се еден од клучните фактори за економскиот раст на Македонија. Но, големо прашање е зошто и покрај нивното присуство, Македонија остана на последното место во Европа според својот развој и според животниот страндард.

Податоците на Народната банка за првиот квартал од минатата, 2025 година, покажуваат дека СДИ во Македонија достигнале  вкупно 135,8 милиони евра (155,3 милиони долари), што е намалување за 58 проценти во споредба со нето-приливот од 327,16 милиони евра во истиот период од 2024 година.

Слободно можеме да речеме дека тоа е алармантен податок, неуспех на домашната економска политика, конечна маргинализација на Македонија како инвестициона дестинација, а тоа, сакале или не, значи и политичко дистанцирање од нас.

Ако го земеме периодот од 2020тата година досега, ќе видиме дека во 2020 во време на ковид-пандемијата имало голем пад од 210 милиони евра, во 2022 имало раст од 725 милиони, во 2023 имало пад од 667 милиони евра, во 2024 имало нагло зголемување од над 1 милијарда евра што е рекордно ниво, со учество во БДП од околу 7%.

Земји од кои доаѓаат инвеситорите се Австрија, Грција, Турција, Германија и Холандија. Овие 5 земји прават  повеќе од 50% од сите инвестиции. Најмногу странски капитал оди во индустрија (производство)  33%, во финансискиот сектор –  23%, во трговијата и услугите.

Индустриските зони (ТИДЗ) играат голема улога во привлекување фабрики и извозни компании. Примери на големи инвестиции се Ветерниот парк кај Штип (500 милиони долари), проекти за енергетска транзиција и гас (1 милијарда евра), се зголемува интересот за обновлива енергија и инфраструктура.

Најголеми странски компании во Македонија, особено во индустриските зони се од автомобилската индустрија:  Johnson Matthey (Велика Британија), катализатори за автомобили (еден од најголемите извозници)

Van Hool (Белгија): производство на автобуси (во Скопје)

Kromberg & Schubert (Германија):

Кабли за автомобили (Битола)

Lear Corporation (САД):

Авто-седишта и електроника (Тетово)

Gentherm (САД):

Грејни/ладни системи за возила (Прилеп):

Електроника и технологија

Kostal (Германија):

Електронски компоненти (Охрид)

ODW-Elektrik (Германија):

Кабелски системи

Банкарство и финансии

Komercijalna Banka: (делумно странски капитал):

NLB Group

Erste Group

Енергија и ресурси

OKTA (грчки капитал): инвестиции во обновлива енергија (ветерници, соларни паркови)

Германија е убедливо најсилна во индустриското производство.

Но, главниот проблем на странските инвестиции е малата  домашна додадена вредност и ниските плати во дел од секторите. Странските инвестиции во Македонија се концентрирани во неколку големи компании и индустрии, особено автомобилската. Тоа носи раст, но создава и зависност од надворешни фактори.

Во делот на конкурентноста во однос на соседните земји, Македонија губи дел од новите инвестиции во корист на соседите, особено на Србија и на Бугарија. Причините се комбинација од економски, институционални и геополитички фактори: големина на пазарот: Македонија: ~1,8 милиони жители, Србија: ~6,5 милиони, Бугарија: ~6,5 милиони + пристап до ЕУ пазар. Инвеститорите сакаат поголем домашен пазар, не само извоз. Членство во ЕУ е клучна предност на Бугарија. Европска Унија значи: нема царини, слободен пристап до 450+ милиони потрошувачи правна сигурност.

Србија нуди агресивни субвенции, Македонија бесплатни земјишта, директни пари по вработен. Србија има подобри автопатишта, железници и логистика.

Бугарија има пристап до пристаништа на Црното Море европски транспортни коридори. Македонија е транзитна, но инфраструктурата е послаба.

Правна сигурност и корупција

Инвеститорите, пред да донесат одлука, го анализираат судскиот систем, корупцијата, стабилноста на правилата и тн. Македонија често има перцепција на бавна администрација и непредвидливи процедури.

Што се однесува до работната сила, во Македонија платитие се пониски, но има  недостиг на работници (иселување). Србија има поголема резерва на работници, а Бугарија повисоко квалификувана работна сила (ИТ инженерство).

Македонија привлече многу кабелски фабрики и авто-компоненти. Но, Србија привлекува поголеми и посложени инвестиции.

Геополитиката и стабилността

Србија има балансирана политика (ЕУ + Кина + Русија). Бугарија е целосно интегрирана во ЕУ и НАТО. Македонија има често политички нестабилна, долги процеси за реформи, што значи дека Македонија ја губи  конкурентноста по многу основи и параметри.

Има конкретни, проверливи примери и индиректни случаи што јасно покажуваат дека Македонија ги губи инвестициите:  Bosch нвестира Србија наместо во регионов, отвори голема фабрика во Панчево. Инвестицијата е во вредност од стотици милиони евра. Компании како Luxoft и други префрлија илјадници инженери во Белград. Причината е даночни олеснувања, брзи дозволи, поголем пазар. Македонија не успеа да го искористи овој бран.

Многу добавувачи на авто-индустријата како ZF Friedrichshafen, Continental, инвестираа во Србија (Нови Сад, Суботица), додека Македонија привлече кабли и пониско ниво производство. Разликата е во тоа што Србија добива R&D и high-tech делови, Македонија добива монтажни линии. Американската компанија Affinity Global Development избра Србија за мегапроект во Белград, Македонија воопшто не е во конкуренција за вакви проекти.

Големи регионални групи како MK Group инвестираат во:

Србија, Хрватска, Словенија.

Важно е да се каже дека податоците можат да бидат различни, затоа што државите се натпреваруваат во тајност на податоците, па компаниите не објавуваат „ја одбравме Србија наместо Македонија“, но од резултатите се гледа кој победил и кој ги пропуштил можностите.

Странскитеи нвестиции имаат поизтивни старни (вработување и нови технологии), но имаат и слабости. Тие се нестабилни (големи осцилации по години) зависност од неколку земји, често ниско-технолошко производство, одлив на работна сила.

На крај на овие податоци, се наметнува прашањето – зошто пропуштивме толку шанси, односно каде згрешивме. Згрешивме и грешиме во проектирањето на перспективата. Само Македонија тапка во место на патот кон ЕУ. Работната сила се исели, нема веќе вешта работна рака и таа комбинација ги брка инвеститорите. За големте инвеститори не е ништо тешко да ја сменат целта и локацијата на своите вложувања, капиталот е плашлив, но и подвижен. Не значи дека некој што инвестирал во една земја, таму ќе остане со векови.

Пред македонската држава стои задачата да ја смени својата политика кон инвестирањето, но тоа не е одвоен проблем од сеопштата политика за напредок на земјата, што значи дека е дојден частот од корен да се преиспита нашата позиција во однос на светските и европските политички и економски текови.