Кои се главните причини зошто емоционалната интелигенција (ЕИ) треба да се развива и негува? Докторот по психологија Рели Надлер, автор на пет бестселери на тема лидерство со емоционална интелигенција и долгогодишен тренер на компании и шефови, презентираше 10 причини зошто на деловните луѓе и менаџерите им е потребна емоционална интелигенција:

 

 

1. Способноста да се води е барана

Една од поодминатите анкети на Галуп открива дека само 10 отсто од работниците ги поседуваат сите потребни таленти за да бидат врвни лидери. Всушност 40 отсто од компаниите велат дека немаат доволно квалификувани луѓе за да ги пополнат тие позиции во иднина.

2. Вие сте „емоционалниот топломер“ на вашиот тим

Вашето расположение и темперамент влијаат на сите членови на вашиот тим, повеќе отколку што мислите. Според Галуп (2015) менаџерите влијаат до 70 отсто  отстапувања во ангажманот на вработените.

3. Ќе бидете покомпетентни

Добро познат факт е дека емоционалната интелигенција е поважна за напредување во кариерата отколку општиот коефициент на интелигенција. Истражувањата покажаа дека ЕИ е клучен фактор, и дека тоа влијае на успехот од 50 до 85 проценти.

4. Ќе бидете на „автопилот“

Повеќето од нас често работат автоматски. Ние земаме кратенки наместо длабоко размислување. Практикувањето на емоционалната интелигенција ве поттикнува добро да ги погледнете своите способности и да станете попромислени и извонредни.

5. Ќе ги препознаете сопствените маани

Сите ние имаме слабости, но ако не ги препознаеме, тие постојано ќе ви пречат на патот до успехот. Маршал Голдсмит, еден од најважните тренери на директори, вели дека 70 отсто од луѓето сметаат дека се во првите 10 проценти. Тоа е обично слепило. Со практикување на емоционална интелигенција, добро проценување и слушање повратни информации, лесно можете да ги идентификувате вашите слаби точки и каде треба да се подобрите.

6. Вие и вашата компанија ќе бидете попродуктивни

Студијата спроведена од Универзитетот Харвард го разгледа она што ги одвојува првите 10 отсто од луѓето од останатата популација. Сега знаеме кои вештини и модели на однесување ги споделуваат најуспешните. Податоците од 2013 година, собрани од 784 лица, од над 500 компании, покажуваат:

„Компаниите кои ја ценат и негуваат емоционалната интелигенција се 3,2 пати поефикасни во развојот на лидери. Компаниите кои не ја ценат ЕИ се 31 отсто полоши за развојот на шефовите. Се покажа и дека компаниите кои мерат ЕИ имаат 16 оопроценти повеќе годишна добивка.

7. Зошто е потребна емоционална интелигенција? - Ќе носите подобри одлуки

Во денешниот свет сите се „лудо зафатени“. За да бидете одлични, треба да знаете да носите правилни одлуки во даден момент, со што повеќе информации и знаење. За да го подобрите резултатот, треба да вложите вистински напор. Преку емоционалната интелигенција полесно се запознавате себеси и ги оценувате другите, за да можете да донесувате подобри одлуки. Оваа клучна вештина ја цени дури и американската војска. И тоа секако им е потребно на сите директори кои треба да носат илјадници одлуки дневно.

Формулата на Рели (Relly) за најефективни лидери е:

Емпатија x Увид x Јасност = Топ 10 отсто најисполнителни.

Важно е да ги препознаете силните и слабите страни на себе и на тимот и да се држите подалеку од микро-менаџментот.

8. Луѓето повеќе ќе ви веруваат, и полесно ќе се поврзат со вас

Автентичноста значи и трошење време со вашиот тим. Просечен човек може за помалку од секунда да процени дали може некому да му верува. Довербата е основа на ефективна комуникација и добри односи.

Ние сме предодредени да бидеме поврзани со другите (тоаа го тврдат многу невролози), но поради некоја причина се чини дека го занемаруваме тоа.

Од литературата знаеме дека луѓето: 1) сакаат да имаат „посебно место на маса“, 2) сакаат нивното мислење да се почитува и 3) сакаат да добијат признание за добрата работа. Со фокусирање на ЕИ, можете да развиете посилни и попосветени односи.

9. Во вашата компанија ќе има повеќе лидери

„Кога ќе се поврзете, ќе можете подобро да се насочувате еден со друг. Познавањето на туѓите предности, способностите и визиите, ќе ви овозможат да станете „најдобриот шеф“. Луѓето ги ценат шефовите кои ги поддржуваат, ги поттикнуваат да се развиваат, кои им веруваат и кои би направиле се за нив. Дали тоа вреди за вас? Ако не, започнете да работите на вашата емоционална интелигенција веднаш.

10. Ќе вработувате подобри луѓе

Свесноста за ЕИ ќе ви го олесни изборот на вистинскиот кандидат. Галуп ни открива:

„Компаниите кои вработуваат менаџери на основа на талентот добиваат  48 отсто зголемување на профитабилноста, 22 отсто раст на продуктивност, 30 отсто поголем ангажман на вработените, поголем ангажман на клиентите за 17 отсто и за 19 проценти помалку откази  на персоналот.

Па, сега знаете зошто е потребна емоционална интелигенција.