Е-услугите во руралните општини- непозната и за мештаните и за администрацијата! Реформата на јавната администрација на локално ниво е нужно потребна.
Е-услугите во руралните општини - непозната и за мештаните и за администрацијата!
„34 проценти од населението во руралните средини немаат информација дали нивната општина има активна веб страна. Над 40 проценти услугите ги добиваат со посета на општините, додека пак 33,5 отсто преку контактирање со познаници/пријатели.
Комуникацијата на руралните општини со населението е оценето со средна оцека – три. Додека пак дури 51 процент од населението не знаат кои услуги ги има и ги нуди општината. Поради тоа често пати се мешаат надлежностите на националните и локалните институции.“
Ова се само дел од резултатите на истражувањето коешто Рурална коалиција го спроведе теренски во периодот јули-август 2021 на територијата на општините Старо Нагоричане, Врапчиште и Кривогаштани цо учество на вкупно 155 испитаници, жители на руралните општини.
Е-услугите во руралните општини -непозната и за мештаните и за администрацијата!
Според резултатите само 12 отсто од испитаниците одговориле потврдно на прашањето дали има назначено лице за комуникација со граѓаните. Додека дури 64,5 проценти никогаш не поднесуваат претставки до општината за да се унапреди квалитетот на услугата од која што не биле задоволни.
Повеќе рурални општини немаат информатичка технологија
Во руралните средини сметаат дека дури ни Ковид кризата не го зголеми користењето на е-услугите поради ниско ниво на информираност кај граѓаните, ниска компјутерска писменост кај повозрасното население кое што доминира во руралните средини како и поради ниската доверба во електронското издавање на документи.
И општините во руралните средини упатуваат на потребата од дополнителни финансиски, но и човечки ресурси како и воспоставување на информатичко- комуникациска структура која што во поголем број на рурални општини воопшто ја нема. Но, исто така и поврзување и вклучување во процесите на дигитализација коишто се одвиваат на национално ниво.
За да се надмине ваквата состојба потребно е вложување во информатичка и комуникациска технологија на територијата на целата држава, понатаму, во процесот на воведување на е-услуги, заради обезбедување поголеми придобивки за граѓаните и бизнис-секторот од нивното користење, неопходно е да се направи поедноставување на процедурите, зголемување на степенот на интерактивност и давање повратни информации од страна на јавните власти одговорни за доставување на услугите по традиционален и електронски пат, подобрување на е-вештините како кај вработените во општините, така и кај локалното население, но и зајакнување на свеста кај граѓаните за придобивките од користењето на е-услугите и издавањето на електронските документи.
Достапност на локалните е-услуги – чекор напред или чекор назад
Проектот “Достапност на локалните е-услуги – чекор напред или чекор назад во реформата на јавната администрација“ е финансиран во рамките на проектот за креирање на можна околина во земјите од ЗБ за мониторинг на реформите на јавна администрација од страна на граѓанско општество - WeBER 2.0 финансиран од страна на Европската Унија.
Проектот WeBER 2.0 се спроведува од Центарот за европски политики – ЦЕП (Србија) како водечки партнер и партнерските организации: Институтот за демократија и медијација (Албанија), Иницијативата за надворешна политика (Босна и Херцеговина), Групата за правно-политички студии (Косово), Институтот Алтернатива (Црна Гора), Институтот за европска политика (EПИ) (Северна Македонија) и Центарот за европска политика (Белгија).