Германските компании ќе го намалат бројот на вработени ако недела стане неработен ден.

– Доколку се изгласа новиот Предлог-законот за работни односи, односно за забрана за работа во недела 47 проценти од германските компании во земјава изјавиле дека ќе го намалат бројот на вработените за 10 проценти. Околу седум проценти ќе го намалат бројот на вработени за 20 проценти, додека понатамошни седум отсто од анкетираните компании ќе го намалат бројот на вработени за 30 проценти.

Германските компании ќе го намалат бројот на вработени ако недела стане неработен ден

Ова го покажуваат резултатите од анкетата спроведена од Делегацијата на германското стопанство помеѓу германските инвеститори во земјата. Компании кои, пред се, работат во автомобилската индустрија и вработуваат повеќе од 20 000 лица во земјата. Најголемиот дел од овие компании, како што е наведено во анкетата, работат во три или четири смени, седум дена во неделата. Компаниите поради сложените технолошки процеси не го прекинуваат производството во текот на целата година.

Доколку се прекине производството во недела, 60 проценти од анкетираните компании одговориле дека ќе доцнат со испораката. Додека 40 проценти од нив поради доцнењето ќе плаќаат пенали.

Неработна недела- застој во извозот


На прашањето дали да се одложи овој предлог закон и да се даде време на стопанството да се стабилизира по загубите од пандемијата, дури 36 отсто од компаниите се изјасниле дека две години би биле доволен период да се подготват на новиот начин на работење. Додека 64 отсто сметаат дека период од три години им е потребен за стабилизација и долгорочно планирање.

-На прашањето дали неработењето на производството во недела ќе предизвика застој на увозот, што ќе предизвика поголеми царински и други трошоци за компаниите, дури 74 проценти од анкетираните се изјасниле дека оваа измена би предизвикала зголемени трошоци. Околу 67 проценти од анкетираните компании сметаат дека одлуката за неработење во недела би ја зголемила корупцијата во стопанството.

Кај 94 проценти од анкетираните компании, Предлог-законот ќе донесе финансиски загуби, а 80 проценти од испитаниците сметаат дека ќе предизвика зголемување на сивата економија, посочуваат резултатите.

Како најголема конкуренција во однос на реализирање на понатамошни инвестиции, компаниите ги навеле земјите Србија, Мароко, Бугарија и Романија, стои во соопштението од Делегацијата на германското стопанство помеѓу германските инвеститори во земјава.