Македонија меѓу земјите со најнизок данок на добивка во Европа. Во истата група со нас од овие простори се наоѓаати Босна и Херцеговина, Косово и Бугарија. Податоците за глобалните стапки на данок на доход на секоја држава може да се најдат во Фондацијата за даноци за 2020 година.

Порталот HowMuch, направи детална анлиза и одделен инфографик за континентите, каде секоја земја е обележана со посебна боја за да се посочи највисоката стапка на данок од доход. Ова не значи дека сите компании ја плаќаат точната стапка. Постојат бројни даночни олеснувања, попусти и заеми (а да не говориме и за прогресивните даночни стапки), во зависност од тоа колку корпорацијата е профитабилна и во која индустрија првенствено работи.

Кои се стапките на данок на добивка во светот


Во деталниот преглед подробно се прикажани сите континенти и секоја земја.

Северна и Јужна Америка


Топ три земји со највисока даночна стапка во Северна и Јужна Америка се: -Порторико: 37,5 отсто, Суринам: 36 отсто и Свети Мартин: 35 отсто.

На овој континент како земји со најниска даночна стапка се сметаат  државите: -Барбадос со 5,5 отсто, Парагвај со 10 отсто и Курасао со 22 проценти данок. Додека во даночни оази, односно како земји без даночни обврски се вбројуваат: -Ангила, Бахами, Бермуди, Британски Девствени острови, Кајмански острови, Свети Бартелемеј, Туркс и Каикос острови.

Европа


Македонија меѓу земјите со најнизок данок на добивка во Европа

Во Европа топ три земји со највисока даночна стапка се:

-Малта со 35 отсто, Франција со 32,02 отсто и Потртугалија со 31,5 проценти.

На листата на земји со најниска даночна стапка се наоѓаат:

-Унгарија и Црна Гора со девет проценти.

-На втората позиција се Андора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Гибралтар, Косово и Македонија со 10 отсто.

-И на третото место, Молдавија со 12 проценти.

Данок не се наплатува во: Гернзи, Остров на Ман  и во Џерси.

Инаку од поранешните ЈУ држави, Србија има 15 отсто данок на добивка, Хрватска 18 , а Словенија 19 отсто.

Азија


На прво место според највисока даночна стапка во Азија се вбројуваат:

-Бутан, Индија и Филипини со  30 отсто данок на доход.

-На втората позиција е Јапонија со 29,74 проценти и

-Трета земја со највисок данок е Пакистан со 29 отсто.

Топ  три земји со најниска даночна стапка на овој континент се: Узбекистан со 7,5 отсто, Туркменистан со осум отсто.

Без даноци се само Бахреин и ОАЕ.

Африка


На листата на Африка како држави со највисока даночна стапка се наведени: -Комори со 50 отсто, Чад со 35 отсто и со исто толку Демократска Република Конго.

-Држави со најнизок данок на овој котинент се:

-Маурициус со 15 отсто, Либија  и Мадагаскар со 20 отсто. И Боцвана и Зелено'ртски Острови со 22 отсто.

Океанија


На листата на топ три земји со највисока даночна стапка во Океанија се наведени: - Кирибати- 35 отсто, Американска Самоа со 34 отсто. Додека третата позиција ја сочинуваат: Австралија, Микронезија, Нова Каледонија, Ниуе, Папуа, Нова Гвинеја, Соломонски Острови, сите со 30 отсто данок.

-Најниска ставка на данок во Океанија имаат: Тимор-Лесте од 10 проценти, Кукови Острови  и Фиџи- 20 отсто и Гуам, Северни Маријански Острови од 21 отсто.

-Во групата на даночни раеви се наведени : Токелау, Вануату, и Островите Валис и Футуна. (извор: HowMuch)