Никола Тесла би бил најбогатиот човек на планетата со само еден патент!  Тесла регистрирал повеќе од 700 патенти во 35 земји низ целиот свет. Многу од неговите пронајдоци донесоа напредок и просперитет на човештвото. Сепак, Тесла, кога починал, во Њујорк, немал пари, но ако сакал богатство, ќе беше еден од најбогатите луѓе во светот.

Никола Тесла би бил најбогатиот човек на планетата со само еден патент!

Едисон не го исполнил ветувањето кон Тесла


Американците, кои се вреднуваат преку доларот, пресметале колку Тесла можел да биде богат ако се грижел за парите или ако некои луѓе на кои им ги продавал патентите биле воопшто поштени.

Така, американскиот публицист Брајан Ворнер пишува дека било сосема логично Тесла уште додека бил жив да стане најбогатиот човек на планетата.

Ворнер наведува дека штом Тесла дошол во Америка, се вработил во „Едисон Генерал Електрик“, каде што неговата плата била 18 долари неделно, што денес изнесува околу 500 долари. Едисон, му понудил на Тесла и бонус од 50.000 долари ако надгради одреден систем. Сума што е околу милион тековни долари, што Тесла без многу мака го направил.

Меѓутоа, Едисон наместо да го исплати бонусот, му рекол: „Тесла, ти не го разбираш американскиот хумор“,  и одбил да го плати ветениот бонус нудејќи му покачување од 10 долари. Тесла, секако одбил и поднел оставка!

Едисон против Вестингхаус (Тесла)


Во 1888 година, Тесла му ги понудил патентните права за наизменична струја,трансформатор и за електричен мотор на Џoрџ  Вестингхаус. За тоа добил 60.000 долари, што е околу 1,4 милиони американски долари во денешни долари, плус 150 акции од заработка од патенти и 2,5 долари за секоја коњска сила. Договориле и плата од 2.000 долари месечно, што во денешни услови би изнесувало околу 50.000 долари.

До својот 35 -ти роденден, Тесла заработил милион долари само од акциите! А  таа сума од милион долари од 1890 година, како што тврди американскиот автор, што е лесно да се пресмета, е еквивалентна на сегашните 25 милиони долари.

Потоа следува периодот на војна помеѓу Едисон и Вестингхаус (Тесла), која ја водел вештиот заговорач Едисон со сите можни средства, па Вестингхаус за малку ќе банкротирал. Меѓутоа, тој при заминувањето на  Тесла од компанијата, му исплатил 216.000 долари за патентот со наизменична струја, што е околу 5,4 милиони во денешни долари.

Само патентите во 1907  вределе 12 милиони долари


Само патентите што Тесла ги пријавил во 1907 година, според банкарите од САД во тоа време вределе околу 12 милиони долари, што се сегашни 300 милиони.

Прецизно било пресметано дека ако Вестигхаус продолжел да му плаќа на Тесла процент од акциите заработени само од електрификацијата на Америка, Тесла ќе бил првиот милијардер на планетата во тие години.

При тоа, по 1910 година, Тесла ќе инкасирал најмалку една милијарда долари од хонорарот за неговиот патент, којшто на Американците им овозможи да имаат електрична енергија. Ова значи дека само од тој еден патент до 1943 година, кога починал, околу 35 милијарди тогашни долари ќе „лежеле“ на сметката на Тесла. Инфалциониот калкулатор покажува дека сега тоа би биле вртоглави 518.716.184.971 долари.

Значи, Тесла би бил најбогатиот човек на планетата со само еден патент! а неговото име е потпишано на околу 300 патенти на различни пронајдоци.