Уметничкото дело на роботот Софија е продадено за 689 000 американски долари. Мултиталентираниот робот, Софија кој може да зборува, да се шегува, да пее, па дури и да создава уметност, предизвика бура во светот на уметноста. Дигиталното дело што го создаде беше продадено на аукција за 688.888 американски долари во форма на таканаречен незаменлив токен ( НФТ).

Уметничкото дело на роботот Софија е продадено за 689 000 американски долари

Продажбата укажува на зголемен недостаток на контрола на пазарот на NFT, каде што луѓето можат да купуваат сопственички права на дигитална содржина.
Секој NFT има единствен дигитален код кој им овозможува на сите да ја потврдат автентичноста и сопственоста на нештата.

Роботот Софија е државјанка на Саудиска Арабија


Софија е најпознатата роботска творба на компанијата Хансон Роботикс (Hanson Robotics). Таа може да имитира изрази на лицето, да води разговори и да препознава луѓе.
Роботот Софија во 2017 година го доби државјанството на Саудиска Арабија и стана првиот граѓанин меѓу роботите.
Таа соработуваше со италијанскиот сликар Андреа Бонацета, а подоцна започна сама да прави дигитални уметнички дела.
Дигиталното дело, кое беше продадено за 688.888 американски долари, всушност е видео клип од 12 секунди. На него е прикажан портретот на Бонацето како еволуира во дигитална слика на Софија.
Софија ќе продолжи да слика, а следниот чекор во нејзината кариера може да се направи во светот на музиката. Работот Софија работи на повеќе музички дела во проектот наречен „Софија поп“, каде соработува со музичари за пишување музика и текстови.

https://www.youtube.com/watch?v=m-5c-HFFtz8&t=3s

 

Создавање вредност со роботи слични на луѓе


Повеќе од две децении, Хансон Роботикс гради роботи што личат на повеќето луѓе во светот. Обдарени со богата личност и холистички когнитивен AI, објаснуваат од компаијата.

-Нашите роботи се во состојба емоционално и длабоко да се вклопат во луѓето. Тие можат да одржуваат контакт со очите, да препознаваат лица, да го разбираат говорот, да одржуваат природни разговори и да учат и да се развиваат преку искуство.„

Нашите робот-лица се создадени со патентиран материјал наречен Frubber®,. Станува збор за  комерцијална нанотехнолошка кожа која имитира вистинска човечка мускулатура и кожа. Ова им овозможува на нашите роботи да покажат висококвалитетни изрази и интерактивност, симулирајќи карактеристики и изрази на лицето слични на луѓе, велат од компанијата.